Развојна банка на Македонија: Одобрени првите барања од ковид 3 бескаматната кредитна линија во износ од 5,9 милиони евра

Развојна банка на Северна Македонија започна со одобрување на барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија (ЕУ), преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА програмата.

Како што информираат од банката, одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик или кредитни барања на 506 компании со вкупно 3.552 вработени.

– Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се потпишани од микро компании и девет кредитни барања се од трговци-поединци, велат од македонската Развојна банка.

Најголем дел од компаниите во првата група доаѓаат од Скопскиот регион и тоа 37 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 17 и југоисточниот  регион со 14 отсто. Од југозападниот, од источниот и од Пелагонискиот регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 отсто од одобрените кредитни барања, прецизираат од Развојната банка.

Кредитните барања, додаваат, се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него.

– Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија. Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување на договор, потенцираат од Развојната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот