Развод после 24 години: Се распадна бракот на Доктор Дре и Никол Јанг

По 24 години поминати во брак, се разведуваат раперот Доктро Дре и Никол Јанг.

Сè досега Доктор Дре и Никол спаѓаа во ретката група долговечни холивудски бракови, но нивната идила сепак се распадна.

Магазинот Пипл пренесува дека 50-годишната Никол во понеделникот ги поднела документите за развод, а портпаролите потврдиле дека поради разводот дошло поради непремостливи разлики меѓу сопружниците.

Доктор Дре, вториот најбогат хип-хоп рапер на светот и Никол немале потпишано предбрачен договор. Се очекува ова да биде една од најскапите бракоразводни парници во САД.

Тие заедно имаат две деца: синот Трус и ќерката Трули. Доктор Дре има и четири други деца од претходно, а неговиот син Андре Јанг Помладиот загина во 2008 година во сообраќајна несреќа, на 20-годишна возраст.

Никол Јанг претходно била во брак со НБА-кошаркарот Седал Трит.

EPA/NINA PROMMER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот