Разубавете се, негувајте ја кожата на лицето со состојки што ги имате во кујната

Подгответе си домашни хранливи маски за регенерација на кожата на лицето и тоа маски што можете да ги подготвите од веќе купените намирници што ги имате во кујната.

Доколку немате идеја како да си го олесните престојот дома, сега во овој период кога движењето е строго ограничено поради опасноста од коронавирусот, обидете се самите да изнајдете креативни начини како да се разубавите. Затоа, подгответе домашни хранливи маски за регенерација на кожата на лицето и тоа маски што можете да ги подготвите од веќе купените намирници што ги имате во кујната.

Маска за враќање на природниот сјај

За да ја подготвите оваа маска за лице што ќе ви го врати сјајот на кожата, земете една банана и со виљушка убаво испасирајте ја. Во бананата додајте сок од еден портокал и една супена лажица мед. Убаво измешајте ги сите состојки.

Добиената маска намачкајте ја на лицето и оставете ја околу 15 минути. Потоа измијте ја со млака вода. На крај, нанесете хидратантен крем за лице.

Совет: Оваа маска е наменета за сите типови кожа.

Маска за мрсна кожа

Во сад, изматете неколку жолчки од јајца, една лажичка мед, една лажица овесна каша и една лажица маслиново масло.

Состојките убаво измешајте ги и нанесете ги на лицето. Оставете да делуваат околу 30 минути. Потоа само измијте го лицето со млака вода.

Маска за намалување на брчките на лицето

За да ја подготвите оваа маска, потребно е да изматите една белка, а потоа да додадете една супена лажица мед како и сок од половина лимон. Убаво измешајте ги овие состојки, а потоа нанесете ги на лицето. Вака подготвената маска оставете ја да делува околу 10 минути. На крај само убаво исплакнете го лицето со млака вода.

Маска за суво лице

И за подготовка на оваа маска треба да испасирате една банана со средна големина. Во неа додајте една лажица мед како и една лажичка сода-бикарбона. Состојките убаво измешајте ги и нанесете ги на лицето.

Маската чувајте ја на лицето околу 10 минути, а потоа едноставно исплакнете ја. Резултатите ќе бидат видливи веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот