Разрешувањето на Кајмаку различно толкувано од власта и опозицијата

Фото: Миа

Одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) да му го одземе мандатот на градоначалникот на општина Вора, социјалистот Агим Кајмаку, за премиерот Еди Рама е потврда дека институциите покажале дека се на ниво, а за опозицијата тоа е потврда дека локаланите избори од 30 јуни биле криминални.

Премиерот Рама прво одби да ја коментира одлуката на комисијата, кусо изјавувајќи „инсититуциите се институции”, а потоа се огласи на Твитер.

„ЦИК повторно докажа дека е албанска државна институција која го брани законот и јавниот интерес, а не стара партиска алатка како што беше вчера. Социјалистиката партија денеска потврди дека не е засолниште за никој што го крши законот и нашата доверба“, напиша Рама.

Лидерот на Демократската партија, пак, Љуљзим Баша обвини дека тоа е добро осмислен план на Социјалистичката партија (ПС), додавајќи дека Агим Кајмаку е лицето на Еди Рама и последователно огледало за тоа со кого тој владее.

– Тоа е понижување за ПС, која нема неосудувани кандидати, ги вади од калта, што е понижување за Албанците, кои блескаат во светот, но во нивната земја владеат криминалци чие место е во затвор. Единствено решение е да им се врати власта на Албанците со предвремени парламентарни избори, со привремена влада што ќе го гарантира нивниот глас – изјави Баша.

И за Социјалистичкото движење за интеграција, заминувањето на Кајмаку „ставило печат дека гласањето на 30 јуни било криминално”.

Потпретседателот на партијата, Петрит Васили на Фејсбук напиша дека Еди Рама „сам кандидирал, гласал сам и сам броел, но крајниот производ е инкриминиран”.

„Еди Рама конечно падна политички, морално, психолошки. Нема време за губење. Избори треба веднаш да има, за да можеме да ја спасиме Албанија од пропаст“, пишува Васили.

Градоначалникот на Вора беше разрешен денеска откако албанското обвнителство по добиените докази од грчките власти ги потврди обвинувањата на демократите дека тој има криминално досие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот