Разрешената директорка Петровска останува во Министерството за животна средина

ана петровска
Ана Петровска / Фото: Скриншот, Јутјуб

Иако денеска Владата на седница ја разреши Ана Петровска од функцијата в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, таа сепак ќе продолжи да работи во Министерството за животна средина. 

Од владата брифираат дека Петровска останува посветена на заштата на животната средина, па нејзиниот професионален ангажман продолжува во Министерството за животна средина.

На нејзината позиција во Инспекторатот за животна средина е именуван  Сретен Стојковски.

„Таа е исклучително квалитетен кадар, Владата ги цени нејзините квалитети и перформанси и веќе се разгледуваат повеќе опции Петровска да координира некои од процеси од зелената агенда на Владата, веднаш после локалните избори“, брифираат од таму.

Петровска доаѓа на позицијата на директор на ДИЖС од редовите на ДОМ, но по несогласувањата со претседателката на партија Маја Морачанин во јуни е разрешена од потпреседателската функција во партијата заедно со пратеникот Мирослав Богдановски. Тој потоа си даде оставка од пратеничката функција и се врати на работа во Градскиот инспекторат за животна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот