Разрешен одговорен во грчка болница: Вакцинирал „преку ред”

epa08950810 An elderly woman over 85 years old receives a shot of the first dose of the Pfizer-BioNTech vaccine against the? coronavirus disease (COVID-19), in a vaccine center in Athens, Greece, 20 January 2021. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, разрешен е надлежниот за вакцинација во Здравствениот центар на островот Крф поради тоа што не се придржувал до критериумите за приоритет за вакцинација и вакцинирал „преку ред”, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека Кикиљас, освен разрешувањето на одговорниот, побарал од управителот на болницата, да покрене постапка за непочитувањето на одлуките.

Одлуката на министерот за здравство, доаѓа по натписите во медиумите дека надлежниот за вакцинација, дал приоритет на новинар-издавач од островот да се вакцинира, иако во овој период, вакцината во Грција е достапна само за здравствените работници и лицата над 80 годишна возраст.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот