Разорни пожари во Калифорнија: Уништени околу 20 куќи, евакуирани се 130 лица

Фото: Миа.мк

Разорни пожари се шират низ Калифорнија, поради што од вчера се вршат принудни евакуации од населбите околу Салтон Си, на јужниот дел на оваа американска сојузна држава.

Пожарот избувна во саботата во Ниланд, мало и сиромашно земјоделско место на околу 160 километри оддалечено од Сан Диего.

– Штетите сè уште се проценуваат, но досега се уништени околу 20 куќи, а евакуирани се 130 лица, изјави Линда Дејл, портпарол на округот Империјал.

Црвениот крст на САД за Јужна Калифорнија соопшти дека работи напорно за да обезбеди сместување за сите евакуирани.

Оваа сиромашна заедница во округот Империјал исто така е сериозно погодена од епидемијата на коронавирус, а околу 500 пациенти се пренесени во здравствени установи во соседните градови и окрузи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот