Разочаран тренерот на Барса Куман: Има 18 години и мисли само на пари

Тренерот на Барса е разочаран од младиот 18 Илајш Мориба/EPA-EFE/Alberto Estevez

Младиот играч од средниот ред има договор со Барселона до 2022 година, но преговорите околу негово продолжување не успеаја.

Еден од најталентираните играчи на Барса, 18-годишниот Илајш Мориба е незадоволен на „Камп Ноу“ и сака да го напушти клубот.

Во шпанските медиуми се појави информација дека поради тешката финансиска ситуација во клубот нема да дојде до нов договор. Остануваат само две опции, трансфер на 18-годишниот фудбалер или заминување следното лето без отштета.

Барселона им кажа на заинтересираните клубови дека нема да го продадат Мориба за помалку од 15 милиони евра и веќе одби осум милиони евра од Лајпциг.

Тренерот на каталонската екипа, Роналд Куман, исто така, зборуваше за целата ситуација на прес-конференција во пресрет на саботното гостување во Билбао кај Атлетик.

– Зборував со Мориба пред две или три недели, и тоа повеќе како човек отколку како тренер на Барселона. Според мое мислење, неговата ситуација е ужасна. Има 18 години, млад е, му беше дадена можност да игра во првиот тим и тој е иднината на овој клуб, но одлучи дека не сака да игра во Барселона. Знам што може и сака да му понуди клубот и би го советувал дека парите не се најважната работа. Јас сум разочаран. Парите не се и не треба да бидат најважното нешто во животот на 18-годишник – рече Куман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот