Разочаран од здравствен систем: Во рок од осум часа починаа дедо ми и татко ми од коронавирусот (ВИДЕО)

Кит Грембел од Детроит ги изгубил своите татко и дедо заради коронавирусот и тоа во растојание од само неколку часа. Тој раскажал дека неговата фамилија е жртва на невнимателност и расизам.

– Се чувствувам како мојот татко да беше ставен на крајот на редот за тестирање само бидејќи е црн. Тој отиде во болница во кварт на белци. Го погледнаа и го вратија дома да умре, раскажал Гембел.

Кит зборел за очајните обиди да го потврди тоа што и останатите членови на фамилијата го верувале, дека неговиот татко Гери има Ковид-19. До тој момент кај неговиот 72-годишен дедо дијагнозата веќе била потврдена и тој приклучен на респиратор се борел за живот.

И покрај контактот со заболените, на Гери повеќе пати му било кажано да оди дома, да пие терапија за температура и да се изолира „како да има вирус“.

Кит верува дека неговиот татко како дијабетичар бил високоризичен пациент кој заслужил подобра шанса за борба, а како што вели синот, тој можел да има таква шанса „ако имал друга боја на кожата“.

Дедо му и татко му умреле во растојание од осум часа.

– Скршен бев. Разговарав со татко ми шест часа претходно, а сега веќе го нема. Неколку часа откако умре мојот дедо, вели Кит.

 

– Кој и да беше задолжен за мојот татко кога тој отиде во болница, мислам дека треба да биде личноста која е виновна за неговата смрт. Не му дадоа шанса да направи тест. А од друга страна, тука е и владата. Зошто не бевме спремни за овој вирус? Ако веќе се затворате, зошто немаме доволно тестови луѓето да се тестираат на вирусот? Виновни се и владата и американскиот здравствен систем, тие ги изневерија американските граѓани, рекол тој.

На лошите вести им немало крај, па ни мајка му не успеала да биде тестирана. До смртта на Гари имала релативно благи симптоми, но состојбата подоцна се влошила.

И нејзе од болницата ја испратиле дома, но за среќа успеала да ја победи болеста, иако се развиле компликации како што се крвни згрутчувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот