Размоски, Цветаноски и Митев за „петарда“ на Вардар против Тетекс

фото: ФК Вардар

И составот на Вардар ја темпира формата за вториот дел од сезоната, денеска играчите на Бобан Грнчаров во првиот контролен натпревар со 5:0 го совладаа Тетекс.

Трите нови зимски засилувања се погрижија за висока победа на скопските „црвено-црни“ на теренот во Кадино.

Во првиот подготвителен меч за пролетниот дел во ВМФЛ, по два голови запишаа Размоски и Цветаноски, а еден беше дело на Митев.

Како што најавија од клубот, закажани се и пријателски дуели против Скопје на 8 февруари и против Работнички три дена подоцна.

Вардар кој атакува на враќање во елитата, по есенскиот дел се наоѓа на втората позиција на табелата во второлигашкиот шампионат, со само еден бод помалку од водечкиот Гостивар.

Вардар се засили од Охрид: Потпиша со Дарко Размоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот