Размислуваше за пензија, а сега е пред трансфер во Манчестер јунајтед

фото: твитер

Бразилскиот репрезентативец, Даглас Кошта им призна на медиумите дека поради честите проблеми со повреди, сезонава размислуваше и да замине во пензија.

Кошта по пристигнувањето во Јувентус во 2017 година, мака мачи со повредите и тоа се одразуваше на неговата псхичка состојба.

– Имаше моменти кога се прашував дали можам и понатаму да играм. Ќе се вратев на теренот по повредата и потоа повторно ќе се повредев. Но, кога ќе погледав некој натпревар на телевизија веднаш сфаќав дека фудбалот е мојата најголема страст и љубов и дека не можам без него, но исто така и дека можам да играм на највисоко ниво. Тоа ме одржуваше во живот, парите не небитни за мене, најважно ми беше да играм фудбал. Мојата главна цел е да бидам среќен и да уживам на теренот – вели Кошта.

Токму честите повреди го натераа да размислува на крајот од сезоната да замине во пензија.

– Луѓето зборуваа „Даглас има потенцијал да биде најдобар на светот, но повредите го спречија во тоа“. Тоа ме убиваше, имав талент и потенцијал да бидам топ фудбалер, но некои работи не зависат од мене. Секој пат кога ќе се повредев се прашував каде погрешив и зашто не можам да играм во континуитет. Тоа ме повредуваше, барав помош и ја пронајдов во човекот кој работеше со мене во тие тешки времиња. Не е класичен психолог, но знаеше да ми објасни се на најдобар начин – вели Кошта.

Откако го надмина најтешкиот момент во животот, Кошта е на добар пат наместо во фудбалска пензија од Јувентус да се пресели во уште еден фудбалски гигант, Манчестер јунајтед.

Јувентус планира во летниот преоден рок да го врати во своите редови Пол Погба и е подготвен да да го понуди Кошта како дел од размената за францускиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот