Размислете за вашите лозинки! (ВИДЕО)

Фирмата SplashData ја објави деветата листа на Најлоши лозинки на годината.

Стручните лица на проектот процениле повеќе од 5 милиони „хакнати“ лозинки, за да ги одредат оние кои најмногу ги користат хакерите.

Тоа што загрижува е дека луѓето се уште, за чување на своите податоци ги користат оние зборови или фрази кои лесно може да се погодат.

Годишниот извештај открил дека токму тие се и понатака најчувствителни.

И покрај предупредувањата, на самиот врв повторно се најдоа „password“ и „123456“.

Помеѓу едни од најчестите лозинки се истакнуваат и „princess“, „qwerty“, „secret“ и „biteme“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот