Размена на затвореници помеѓу САД и Русија: Кошаркарката Грејнер е на слобода

Фото: President Biden/Twitter

Русија и САД договорија размена на затвореници во кои се вклучени американската кошаркарка Бритни Грајнер и рускиот трговец со оружје Виктор Боут.

Веста за размената ја потврди претседателот на САД, Џо Бајден.

„Задоволство ми е што можам да кажам дека Бритни е добро расположена, потребно и е време и простор за заздравување“, изјави Бајден.

Во февруари, една од најдобрите кошаркари на сите времиња беше уапсена на аеродром во Москва за поседување на масло од канабис. Грејнер беше осудена на девет години затвор, а минатиот месец се наоѓаше во казнена колонија.

При апсењето Грејнер се бранеше дека маслото за канабис и било за лична употреба и воопшто не знаела дека го прекршува законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот