Различни информации за нуклеарните разговори меѓу САД и Северна Кореја

Oткако севернокорејскиот преговарач објави дека се прекинати нуклеарните преговори на работно ниво меѓу Северна Кореја и САД во Стокхолм, Стејт департментот соопшти дека двете делегации имале „добри разговори”.

Портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус, во соопштение наведе дека претходните коментари на делегацијата на Северна Кореја „не биле одраз на содржината или духот на разговорите кои траеле осум и пол часа”.

САД излегоа со „креативни идеи” и имаа „добри разговори” со своите колеги од Северна Кореја, се додава во соопштението.

Стејт департментот наведува дека на крајот од разговорите, САД предложиле да се прифати поканата на шведскиот домаќин за одржување нова средба во Стокхолм за две недели, со цел да продолжат дискусиите за сите теми.

САД, како што се истакнува, ја прифатиле поканата.

Главниот преговарач на Северна Кореја Ким Мјонг Гил претходно изјави дека вчерашните нуклеарни преговори на работно ниво меѓу Северна Кореја и САД се прекинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот