Разговорот на Заев и лажната активистка Грета објавен на Јутјуб (ВИДЕО)

На Јутјуб каналот денеска руските пранкери Вован и Лексус го објавија разговорот кој експремиерот Зоран Заев го имаше со „активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко“.

Измамата беше откриена минатата есен, а владиниот советник за комуникации Марјан Забрчанец тогаш изјави дека бил разоткриен хибриден напад врз Кабинетот на премиерот и дека разговорот му бил сомнителен на самиот Заев, како и дека знаел оти станува збор за измама. Тогаш снимката не беше објавена.

 

Како што може да се слушне од разговорот, Заев го напаѓа францускиот претседател Емануаел Макрон за кого се согласува со мислењето на лажната Грета дека е ужасен човек.

Експремиерот, исто така, ѝ ветува на лажната Грета дека ќе ги затвори аеродромите поради нејзиното мислење оти на тој начин ќе се сопре загадувањето на воздухот, а во разговорот се вклучува и „таткото“ на Грета со кого Заев разговара за пушење марихуана.

Според снимката, Заев вели дека е одличен предлогот на мигрантите да им се додели вдомување и работа во земјава, иако, како што вели, тие ги реферирале западните земји затоа што тука не се живеело добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот