Разговор Столтенбег – Лајчак: Трајно политичко решение е во корист на НАТО и ЕУ

Лајчак и Столтенберг/ Фото Twitter Jens Stoltenberg

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, денеска објави дека разговарал со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, за договорот за намалување на тензиите на северот на Косово и Метохија и рече дека е заеднички интерес на НАТО и ЕУ да се најде трајно политичко решение, пренесува Блиц.рс. 

Столтенберг на Твитер нагласи дека КФОР ќе продолжи да обезбедува безбедна средина и слобода на движење на Косово и Метохија. Генералниот секретар на НАТО објави и фотографија со Лајчак.  

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисjими, и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, вчера постигнаа договор за намалување на тензиите на северот на Косово и Метохија. 

Приштина и Белград постигнаа договор за деескалација, косовските специјалци се повлекуваат од границата

Красниќи: Ни Србија, ни Косово, вистинските победници се КФОР, ЕУ и САД

 

Видео на денот