Разговор со Спасеновски: Бев супер подготвен, убаво се изборив за медал на Европското првенство

Македонскиот каратист Петар Спасеновски „бронзен“ на Европското првенство во Газиантеп, Турција/Фото: facebook/Petar Spasenovski

Бев претпазлив бидејќи Турчинот Оз Мурат имаше тактика и знаеше за моите техники секако домашниот терен и публиката беа на негова страна и тоа ја отежнува борбата и самата тежина дека е борба за медал – вели македонскиот каратист.

Петар Спасеновски во категоријата до 84 килограми на Европското првенство во Газиантеп (Турција) успеа да се закити со бронзениот медал.

Македонскиот каратист, воедно член на КК „Макпетрол“, во малото „финале“ триумфираше со 2:0 против домашниот натпреварувач Оз Мурат.

Во претходните борби Спасеновски го совлада лука Ретенбахер од Австрија (3:0), следуваше триумф над Босанецот Мерис Муховиќ, со 3:2 славеше победа против Шпанецот Хосе Рафаел Саенз-Торе, а во полуфиналето со 3:0 загуби од Енес Гарибовиќ.

Донесе голем успех за македонското карате, и спортот воопшто, европска бронза, еднакво вредно како злато. Како се чувствуваш, колку си задоволен од твојот настап на ова големо натпреварување?

– Задоволен сум од мојот настап на ова Европско првенство, бев супер подготвен, работев подолг период и целиот фокус беше ставен на истото. Пројдов неколку циклуси на припреми за на крајот да се изборам убаво и да освојам медал. Секако секогаш може подобро и во иднина цел ми е златото од Европско првенство.

ВИДЕО: Спасеновски „бронзен“ на Европското првенство во карате во Турција

Противник во борбата за медалот ти беше Оз Мурат од Турција. Неизвесно беше до самиот крај, кажи ни нешто повеќе околу борбата..

– Неизвесно беше до самиот крај, бев претпазлив бидејќи Турчинот имаше тактика и знаеше за моите техники секако домашниот терен и публиката беа на негова страна и тоа ја отежнува борбата и самата тежина дека е борба за медал. Но, бев фокусиран и со добар план кој не дозволив да ми избега од глава за време на борбата и секако го најдов вистинскиот момент на слабост кај противникот и земав поен.

Ја претставуваш нашата земја на големите турнири, како ти гледаш организациски од аспект на условите, тренинзите кои секако се потребни за секој каратист во машка и женска конкуренција?

– Условите кои ги имаме ние како каратисти на карате клуб Макпетрол се одлични за постигнување на европски и светски натпреварувања. Секако и благодарност до мојот тренер Бошко Заборски кој секојдневно работи со нас и многубројните успеси во минатото кои ги имаме постигнато како клуб кажуваат колку сме посветени во спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот