Разговор со прим. д-р Петар Боровиќ: Вакцинирајте се, не се опуштајте и работете на зајакнување на имунитетот!

промо

За актуелни прашања поврзани со пандемијата и зајакнување на имунитетот разговараме со прим. д-р Петар Боровиќ, кој повеќе од 30 години беше вработен во Центарот за промоција на здравје при Институтот за јавно здравје на Р. Србија, специјалист по општа пракса и авторитет во афирмација на здравиот начин на живот и здравата исхрана.

Како гледате на сегашната ситуација со пандемијата и заштитата на здравјето?

– Пандемијата полека но сигурно се смирува и веќе е под контрола, тоа е одлична состојба, а летото пред нас ни оди во полза, ќе имаме можност да примаме природен витамин Д преку сончевите зраци. Сепак, и понатаму треба да работиме на зајакнување на имунитетот, да консумираме здрава храна и повеќе да се посветиме на физичките активности на отворен простор. Препорачувам да се вакцинирате за да обезбедите посилен личен и, се разбира, колективен имунитет.

Како експерт, би ни објасниле ли накусо зошто вирусите напаѓаат и стануваат опасни за здравјето?

– На вирусите им требаат клетки домаќини за нивно размножување, па затоа ги напаѓаат сите живи организми. За да влезат во клетките, се прицврстуваат за нивните рецептори на мембраната, со помош на гликопротеини. Тогаш доаѓа до создавање, односно до спојување на новиот вирус и почнува размножувањето на вирусот, а потоа и излегување на вирусот за понатамошно ширење и ново размножување. Некои вируси остануваат скриени во клетките долго време, чекајќи го вистинскиот момент на пад на имунитетот. Меѓутоа, одбранбениот систем на организмот не ги уништува само вирусите, туку и заразените клетки. Кога вирусот влегува во клетките, одбранбениот систем нема можност да препознае што има во самата клетка. Некои клетки користат механизми со кои честичките на вирусот ги исфрлаат на површина, за да дадат сигнал дека се нападнати, заразени. Во такви ситуации, одбранбениот систем ги напаѓа и уништува заразените клетки заедно со вирусите. Постојат ситуации кога регенерацијата на ткивата не се одвива правилно, па во нив се појавуваат лузни, што може да биде причина за развој на хронични заболувања. Тешките воспаленија можат дури да предизвикаат системски цитокински бури, кои потоа можат да предизвикаат низа оштетување на органите, сè до нивно откажување.

Што треба да преземат за своето здравје хронично болните, оние кои го прележале вирусот, а сè уште чувствуваат последици од него, како и гојазните?

– Хронично болните треба да ја земаат редовната терапија и да не се опуштаат бидејќи тие и понатаму се со највисок ризик-фактор при евентуален нов бран на вируси воопшто. За нив препорачувам и по една капсула дневно ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) за да бидат во одлична здравствена форма.

Излечените од ковид-19 пак, треба да внимаваат на своето здравје бидејќи се сè уште кревки, да консумираат здрава храна со исклучување на месо, а со внес на многу витамини. Добро е и тие, особено повозрасните, кои се под стрес од работата или воопшто од животот, да земаат по една капсула дневно ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) и со силен имунитет да ја дочекаат есента. За
дебелите луѓе препорачливо е да ослабнат во текот на летово кога им се достапни изобилство од свежи намирници, бидејќи тие најмногу се погодени од вирусот, кој, се надевам, е зад нас.

Зошто е полезен според Вас, препаратот ГЕ 132 + натурал?

– Препаратот, за кој истражувањата дадоа резултати, а е докажан во пракса, содржи пет имунолошки модулатори кои создаваат услови целиот организам да се избори против бројни агенси што го загрозуваат здравјето и животот на организмот. Значително му помага на телото да се справи побрзо и полесно со последиците од вирусна инфекција и ги оптимизира функциите на оранизмот. Избалансираната формула на овој препарат е особено важна, зашто сите овие компоненти на имунолошки модулатори помагаат на многу специфичен начин. Посебното значење на ГЕ 132 + натурал е во добро осмислената превентивна употреба, во оптимизирањето на функциите на организмот за при напад на вирус да може полесно и побрзо да го совлада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот