9.2 C
Скопје

Разговор со Коста Петров: Шовинизмот владее во Македонија, треба да се избориме да замине во историјата

Нè чека долг пат, но сите ние треба да се избориме за целосна еднаквост во сите аспекти на општеството, вели нашиот соговорник Коста Петров.

Жените во Македонија, без разлика на препреките со кои се соочуваат, покажуваат дека сите ние имаме еднакво право на успех, вели Коста Петров, најпродаваниот македонски автор на книги за мотивација, основач на глобалната креативна агенција „Пи ворлд“ и потпретседател на СДСМ.

Македонија е земја во која доминираат мажите, зошто е тоа така?

– Иако Македонија во последните неколку години покажа голем напредок на оваа тема, сепак сметам дека сме далеку од таму каде што би требало да бидеме. Мажите, за жал, сè уште доминираат во раководството на многу компании, но и во политиката, а одредени професии, за жал, сè уште се гледаат само како машки или само женски. Од друга страна, во овој момент клучните позиции во државниот финансиски и економски сектор, како и Народната банка, ги држат жени и ова покажува дека не само што Македонија има одлични жени менаџери со кои сите треба да се гордееме, туку дека и во најголемата економска криза во светот, тие се снаоѓаат можеби подобри и од мажите. Како општество, како земја, одговорност на сите нас е да создадеме оштество на еднакви можности за сите.

Мажите, за жал, сè уште доминираат во раководството на многу компании, но и во политиката.

На кои наши жени би им „симнале капа“?

– Има толку многу жени кои се инспирација за сите нас. За мене пример за одлична политичарка е Мила Царовска. Покажа како треба да се раководи со еден сектор и покажа што значи да се грижиш навистина за граѓаните. Тоа што Мила го постигна за само две години. го нема постигнато ниту еден министер за труд и социјала во Македонија. Жените во Македонија, без разлика на препреките со кои се соочуваат, покажуваат дека сите ние имаме еднакво право на успех. Мерита Марку, Тања Кокев, Тамара Тодевска, Лабина Митевска, Снежана Лупевска, Радмила Шеќеринска, Софија Пејкова, Винка Саздова, Јагода Михајловска – Георгиева, се само мал дел од жените на кои им се восхитувам и со кои се гордеам.

Прочитајте и...  ФОТО | Враќање во седумдесеттите: Капутот од овчо крзно е хит број 1 оваа зима!

Дали политичката елита треба конечно да ја преземе одговорноста за ефективно спроведување на родовата еднаквост?

– Апсолутно. Ова е одговорност на сите политичари во Македонија и сите заедно треба да го направиме овој план наша реалност. СДСМ е веќе предводник на концептот 50-50 на застапници на жените во политиката, не само како бројка, туку како суштина, како квалитет и ние на следните избори одиме со целосна еднаквост на листите. Нè чека долг пат, но сите ние треба да се избориме за целосна еднаквост во сите аспекти на општеството.

Сметам дека во моментов многу жени се плашат да ги споделат приказните за мобингот, за злоставување, бидејќи реално, како општество, сè уште немаме создадено атмосфера за ова.

Дали сте запознаени со долгогодишните проблеми што ги погодуваат жените на работното место, на пример, пониски примања, мобинг…? Кои според вас се најжешки прашања на кои мора да се даде одговор?

Прочитајте и...  ФОТО | Трендот продолжува: Во бикини на снег, Јелена Карлеуша, Теа, Сандра Африка, Кристина и Аделина!

Косопственик сум на компанија во која најголемиот процент на вработени се жени и многу добро сум запознаен со секојдневните проблеми со кои се соочувуаат. За жал во Македонија, а и во светот, патријархалноста е далеку од искоренета и, за жал, сè уште живееме во шовинистички свет. Шовинизмот на големо владее во Македонија и сите заеднички треба да се избориме овој начин на однесување да замине во историјата. Сметам дека треба да се создаде атмосфера каде што сите отворено ќе зборуваат за проблемите со кои се соочуваат. Сметам дека во моментов многу жени се плашат да ги споделат приказните за мобингот, за злоставување, бидејќи реално, како општество, сè уште немаме создадено атмосфера за ова. Мора да се поддржуваме едни со други, мора да разговараме на овие важни теми, но многу поважно, да наоѓаме заеднички решенија и да се стремиме да живееме во општество во кое ќе има целосна родова еднаквост во сите сегменти.

Денес младите жени изгледа дека треба да вложат двојно повеќе труд за да достигнат кариера на претходните машки генерации. Како би им ги објасниле предизвиците на жените од младата генеразијата, за да останат во Македонија?

Прочитајте и...  Српски психолог открива зошто Милена Радуловиќ се смее на фотографијата со Мика Алексиќ

 Животот е исполнет со предизвици, но секој предизвик носи со себе по некоја лекција. Мојата порака до сите е да не се срамат од своите соништа и амбиции. Знам дека, за разлика од Америка, кај нас сè уште нема развиено општествен механизам на поддршка и сè уште се очекува сите да бидеме во ист калап и да размислуваме на ист начин, но секој од нас може да биде пример дека работите се менуваат на подобро. Многу поважно, мораме да создадеме атмосфера во која сите ние ќе се поддржуваме и ќе навиваме еден за друг, бидејќи успехот на една личност е и успех на целата земја. Новата генерација на млади луѓе успешно се бори против правилата на другите генерации и верувам дека сите заеднички ќе се избориме да живееме во земја во која заедничи ќе ги решаваме проблемите и заеднички ќе се бориме за подобро општество за сите.

Последното прашање е отворено: совет за жените кои сакаат да влезат во политиката?

– Не размислувајте, влегувајте. Ако имате идеја, план и визија, политиката дава можност за многу промени во општеството на подобро. Оваа земја има одлични жени лидери. Да се гордееме со нив, да се инспирираме од нив и да учиме од нив.

Поврзани вести

Со следниот тест откријте колку е стар вашиот мозок и како работи

Слободен печат

Весна Петрушевска: Никој не прашува како жртвата на сексуално насилство ќе се крене на нозе

Ј.К.Д.

ФОТО | Биле страв и трепет и никој не можел да ги надмудри како војни стратези: Ова се најмоќните кралици воини

Слободен печат

ФОТО: Сузана Турунџиева и Атиџе низ главниот град кај „скопските пчели“

М.Р

Лари Кинг пред олтарот застана осум пати со седум жени, една од нив ја запросил во болничка соба

Слободен печат

Бајага напиша химна на храброста: Ѝ ја посвети „Не си сама“ на Милена Радуловиќ

Слободен печат

Остави Коментар