Разговор со Кенан Мандра, нутриционист: Мастите се здрави, заборавете на шеќерите!

Нема глад, нема постојана потреба за храна и се чувствувате фантастично. Ако сте со прекумерна тежина, тогаш ќе ги користите сопствените масти, но ако сакате само здраво да се храните, тогаш тоа ќе го правите преку внимателно избрани состојки, ни рече нутриционистот Кенан Мандра.

Револуција во губењето на тежината на здрав начин е липосукциската исхрана. Нутриционистот и основач на компанијата „Интернешнл хелт“, Кенан Мандра, вели дека липосукцијата со исхрана не е базирана на намалување на калориите, туку на зголемување на потрошувачката на висококалориските заситени масти, намалување на внесот на јаглени хидрати и строго ограничениот внес на протеините.

Фото – архива

Дали навистина се губат 10 килограми за 10 дена? И колку овој вид на слабеење е добар за нашето здравје?

– Во рамките на диетата за липосукција постојат третмани за брзо губење на тежината, што ние го нарекуваме неинвазивна липосукција. Липосукцијата е крајниот третман за отстранување на вишокот тежина, што во многу краток временски период дава значајни и видливи резултати – буквално можно е да се изгубат и до 10 килограми за само 10 дена, ако сте сериозно гојазни.   Неинвазивната липосукција е најбрзиот начин на губење на тежината на основа на активирање на метаболизмот на мастите. Кај неинвазивната липосукција на телото му обезбедуваме енергија од метаболизмот на мастите со покренување на процесот на мобилизација и бета оксидацијата на мастите преку синергиското делување на аминокиселините и глукомананите. Глукоманан е специјален додаток за губење на тежината, одобрен од Европската агенција за безбедност на храната (EFSA). По само 24 часа, организмот е прилагоден на употребата на ацетоацетична киселина за енергија. Важно е да се знае дека телото троши толку маснотии, колку што му е потребна енергија.

Која е суштината на липосукциската исхрана?

– Липосукциската исхрана е обратен процес од дебелеењето. Таа работи на сосема природен принцип на метаболизмот на мастите – за да му се овозможи на телото да се храни со сопствените резерви на масти. Дебелината е всушност болест на прекумерна акумулација на маснотии и не зависи од прекумерното јадење, ниту пак од недоволната физичка активност. Собирањето маснотии и дебелина зависи од нерамнотежата во хормоналното регулирање на масното ткиво и метаболизмот на мастите. Синтезата на маснотиите и акумулацијата на мастите го надминуваат разградувањето на мастите од масното ткиво, а со тоа и согорувањето на маснотиите. Кај липосукциската исхрана доаѓа до слабеење кога со помош на аминокиселините хормоналното регулирање на масното ткиво повторно доаѓа во рамнотежа, што е обратен процес од дебелеењето. За време на третманот не се менуваат биохемиските параметри на организмот, туку само се користи природниот метаболизам и се активираат масните резерви од телото кои се користат како извор на енергија.

фото – архива

 И вие ја изгубивте тежината со овој тип на исхрана. Што советувате од лично искуство?

– Вистината е дека имав големи проблеми со вишокот килограми, но благодарение на таа диета направена е целата приказна. Првично, липосукцијата беше експеримент на сопственото тело. Изгубив речиси 40 килограми. Диетата на липосукција го промени мојот живот и им помогна на илјадници луѓе да го постигнат она што изгледаше невозможно. Многу сум благодарен на „Интернешнл хелт“ за помошта на липосукцијата да стане регионално признаен бренд.

 Дали сте ја промениле вашата исхрана оттогаш?

– Почнав да размислувам за тоа што јадев. Прехранбената индустрија не е заинтересирана за нашето здравје. Мојот совет е – масното е здраво, заборавете на шеќерите. Внимавам што јадам. Рафинираните јаглени хидрати, скробот, шеќерот заради директното влијание врз инсулинот и шеќерот во крвта, се причина за срцевите болести и шеќерни болести. Исто така, маргаринот и рафинираните растителни масти заради високиот процент на присуство на Омега 6 масните киселини придонесуваат за развојот на хроничните воспалувања на крвните садови што доведува до срцеви болести. А токму тоа се продуктите кои најчесто ги користиме. Јадете помалку и ќе бидете посреќни и поздрави. Телото троши 80 отсто од енергијата за преработка на храната.

Закажете и вие бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „International Health“ – Скопје (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

(комерцијален текст)

Видео на денот