Разговор со инструкторката Искра Иваноска: Јас сум дете од Балетското студио Ребис

Искра Иваноска
Искра Иваноска / Фото: Приватна архива

Оваа година Ребис слави јубилејни 30 години постоење. Танцуваме со членовите на Балетско студио Ребис, професионално танцово и аеробик студио, со најдолга традиција кај нас. Дознајте зошто танцот е универзален јазик кој комуницира со сите култури.

Искра за самиот почеток, запознај не со Ребис?

– Балетското студио РЕБИС е најстарото балетско студио во нашата држава. Под раководство на Гордана Деан Поп Христова, ова студио постана симбол за модерниот танц.

Што сè се изучува во Ребис?

– Низ годините, како што танцот се равиваше во светот, така тие танцови стилови пристигнуваа во државава, прво, нормално во Ребис. Почнаа да се изучуваат не само модерниот, туку латино танците, современиот балет, класичниот балет, хип-хоп, стрит денс, а истовремено Ребис се развиваше како аеробик центар со врвните стилови на вежбање, како што се аеробик, пилатес, степ аеробик, зумба, како и кик аеробик. 30 години оттогаш, балетското студио Ребис го задржа модерниот танц како главен танц кој се изучува, а членовите се побројни од било кога.

Како се одржуваат часовите, кои се инструкторите, од колкава возраст дечињата можат да почнат со професионално иучување на танцувањето?

– Часовите се одржуваат два пати неделно, со тоа што еден час трае 60 минути, соодветно поделен на прво, вежби за загревање и растегнување, второ, гимнастика, трето, кореографија, и секако четврто, вежби за тимска работа, координација и кондиција. Инструкторите се Леонна Танасковска, Искра Иваноска и Еми Кузмановска, кои се самите некогашни членови на Ребис. Дечињата во Ребис може да почнат да членуваат дури од 3-годишна возраст. Во Ребис се изучува модерен и современ танц, секако со елементи од класичен балет, гимнастика и акробации. Секако, на барање на членовите, се изучуваат и хип-хоп танци. Но, сепак, модерниот танц преовладува. 30 години – 30 минути. Ова долгогодишно постоење на балетското студио Ребис се должи на заедничката љубов кон танцот.

Која е тајната за долгогодишното постоење на Балетското студио Ребис?

– Тоа што нам нé мотивира е насмевката на членовите кога знаат дека научиле нов чекор, нова акробација, или пак, еуфоријата после некој значаен настап или учество на високопризнат натпревар. Секако, наоѓаме инспирација во малите нешта. Чувството дека Ребис е наш дом, а ние заедно едно големо семејство е магијата на Ребис. Оваа година славиме јубилејни 30 години постоење на балетското студио Ребис, кое со гордост го најавуваме. Настанот „Ајде да танцуваме“ ќе се одржи на 09.06.2022 (четврток) со почеток во 20:00 часот,на плоштадот „Делфина“ во Порта Влае. Во оваа можност би сакале да се заблагодариме на општина Карпош и г. Стевчо Јакимовски за сета поддршка и ни е особено драго што сé уште се поддржуваат вакви настани од културен карактер, особено танцот.

Каде сè имате настапувано и секако кои награди и признанија ви се најдрагоцени?

– Наградите се многубројни, цели три децении награда, една по друга. Сме биле дел од безброј меѓународни натпревари во земјава и во странство, а воедно имаме настапувано на најпрестижните манифестации, како што се „Златна бубамара на популарноста“, Скопски фестивал, „Новинарите пеат“… Секоја награда ни значи и е невозможно да се издвои само една. Да, јас сум член на балетско студио Ребис од моите седум години. Се занимавам со танц од мои пет години а сега ми се исполни и таа желба да станам и инструктор. За да се стане инструктор пред се треба да се има многу трпение и желба за работа со деца, прво се започнува како асистент со долгогодишно искуство и откако ке ги завршиме тие часови и совладаме нивните вештини добиваме група почетници. Има многу дефиниции за танц, убаво е да се танцува бидејки ослободува стрес, дава нов начин на изразување овозможува координацуја, грациозност, формирање на ѓускули, испрсвено движење исто такс преку танцот се учи тимска работа која ни овозможува многу успеси на натпревари.

Искра, за самиот крај, каде и како можат да ве најдат?

– Балетско студио Ребис може да го најдете на нашата фејсбик страна “ Балетско Студио Ребис” и да не контактирате.

 

Извор: espreso.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот