Разговор со „Фанк шуи“: Лука, Михаил и Мартина ја освојуваат Европа

Фанк Шуи, Фото: Приватна архива

Хипер енергизирани сме дека ќе свириме на фестивалот „Саунд сити“ во Ливерпул, велат членовите од бендот

„Фанк шуи“, оваа пролет ќе се претстави пред англиска публика, со концерт во Лондон на 29 април во „Олд блу ласт“, а ден потоа ќе гостуваат на фестивалот „Саунд сити“ во Ливерпул на кој многу артисти од музичката идустрија ја имаат започнато својата кариерата, меѓу кои и Ед Ширан, „Флорeнс енд д машин“, „Алт Џеј“, „Кукс“, итн.

Лука, Михаил и Мартина од „Фанк шуи“ ја започнаа 2022 година со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен шоукејс фестивал во Европа – „Еуросоник“ во Холандија, кој очигледно им го трасираше патот кон навестената иднина на бендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Funk Shui (@funkshui_)

„Фанк шуи“ со веќе изградена репутација на квалитет и постојана метаморфоза ќе има шанса да ја освои европската публика и надежно светската. Гостувањето на еден од најреномираните фестивали за „идните“ имиња во музиката е успех и за нив и за нас. Па, со пристапот на обожаватели, нивниот успех е и наш.

Вие сте единствените претставници од Македонија на фестивалот „Ливерпул саунд сити“, кој вниманието го насочува на уметници за кои допрва ќе слушате. Какво е чувството да се биде дел од ваков лајн-ап?

– Многу ѝ се радуваме на приликата, хипер енергизирани сме од помислата дека ќе свириме на ваков супер фестивал, а исто така баш ни е мило што од тоа излезе прилика да свириме во еден многу култен клуб во Лондон.

Што беше пресудно да станете дел од „Ливерпул саунд сити“ и колку настапи ве очекуваат?

– Сакаме да веруваме дека е напорна и посветена работа, како од нас така и од нашиот тим oд „Банана енд салт“ и англиските домаќини „Балтазар“.

Во јануари имавте онлајн шоу за фестивалот „Еуросоник“ кој бил отскочна даска во кариерата на многу артисти. Кој бенефит го добивте од учеството на овој фестивал со оглед на тоа што бевте спречени да настапувате во живо поради пандемијата?

– Супер си поминавме снимајќи го нашиот настап за Холандија и секако дека очекуваме, како што и веќе се исполнува очекуваното таа свирка да ни отвори и малку поголеми врати од регионот.

Од јануари сте во нов состав. Дали ова ќе биде вашиот прв заеднички настап пред публика? Очекувате ли промена во енергијата или перформансот?

– Да ова ќе биде официјално нашиот прв настап пред публика, иако веќе имавме „secret show“(тајно шоу) за белградската публика пред крајот на минатата година каде што за првпат ја почувствувавме новата енергија со Мартина и сме многу возбудени тоа да го споделиме со публиката.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот