РАЗГОВОР со Билјана Каран, модна дизајнерка: Убавината доаѓа однатре, кога се чувствуваме добро – изгледаме добро

Маслото од јојоба е мојот најдобар пријател. Тоа е моето „пет во едно“, млеко за чистење, тонер, хидратација и сјај. Го мешам со неколку други различни есенцијални масла, кои креираат хидратантен микс идеален за секој тип на кожа, вели Каран.

Модната дизајнерка Билјана Каран смета дека е многу важно да се воспостават хармонични односи со околината, да го правиме она што го сакаме, бидејќи тогаш ќе се чувствуваме добро, а ќе заблескаме и однадвор. Благодарна им е на гените за изгледот на кожата, но решила „да им помогне“ со неколку нејзини мали тајни. Кои, ќе дознаете од разговорот.

Влијае ли внатрешниот живот на надворешниот изглед?

– Како и секоја девојка и жена, и јас имам свои мали ритуали кога станува збор за надворешниот изглед, иако верувам дека убавината доаѓа однатре. Кога се чувствуваме добро, и изгледаме така. Тогаш уживаме да си посветуваме време и внимание на себеси, кога не се чувствуваме добро, не ни е до ништо, а тоа секако влијае на квалитетот на нашиот живот. Затоа најважно е да бидеме свои, да го правиме тоа што го сакаме и да имаме хармонични односи со нашата околина.

Во домашните маски кои ретко ги правам користам млеко, мед, лимон или краставица. Масажата и сауната се моите мали задоволства кои се навистина делотворни за телото и кожата.

Колку ти дозволуваат обврските да вежбаш?

– Да бидеме активни, исто така, е особено важно за нашето здравје и благосостојба. Не сум човек од рутина. Сакам да го следам мојот внатрешен ритам кога избирам што ќе практикувам во моментот. Има периоди и кога заборавам да вежбам, но во последно време тоа не е случај. Сега практикувам јога аштанга и ги правам балетските вежби за тонирање и добро држење на телото, „балет бјутифул“. Отсекогаш танцувањето има посебно место во мојот „соул“ фитнес.

Отсекогаш танцувањето има посебно место во мојот „соул“ фитнес.

Кои се твоите мали тајни за одржување на кожата?

– Најчесто наутро, откако добро ќе го измијам лицето со „фациал вош“ од витамин Ц со двострана четка за ексфолијација, нанесувам неколку капки витамински серум или хидратантна крема, околу очите нанесувам крема за очи, а доколку ми се јави некаква иритација на лицето, користам бор вазелин кој инстантно делува. Аргановото масло, исто така, е едно од моите омилени. Кога станува збор за мојата кожа, благодарна сум им на добрите гени. Но соодветната нега на лицето е особено важна за да ги одржиме еластичноста и квалитетот на кожата. Маслото од јојоба е мојот најдобар пријател. Тоа е моето „пет во едно“, млеко за чистење, тонер, хидратација и сјај. Го мешам со неколку други различни есенцијални масла кои креираат хидратантен микс идеален за секој тип на кожа. Се користи навечер, бидејќи му треба време да се абсорбира за разлика од некои други масла, кои имаат друга композиција и карактеристики. Изминативе неколку години ја збогатив мојата основна препаративна козметика, бидејќи за мене убаво негуваната кожа е главен предуслов за добар изглед. Тука се маските за лице од алое, полжав и слично, како и балсамот за усни од мед кој е без конкуренција.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот