Разговор Бајден – Шолц, ја продолжуваат соработката меѓу двете сили

Разговор Бајден - Шолц / Фото EPA-EFE/MICHELE TANTUSSI

Новиот германски канцелар, Олаф Шолц, вчера телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, кој му честиташе за назначувањето на функцијата, јави ДПА.

Портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, изјави дека двајцата лидери ги потврдиле блиските врски меѓу Берлин и Вашингтон, истовремено изразувајќи намера дополнително да ја зајакнат врската на сојузниците.

-Тие се согласија дека трансатлантското пријателство е неопходно за надминување на сегашните и идните предизвици, додаде Хебестрејт.

Белата куќа преку соопштение нагласи дека Бајден ја истакнал својата поддршка за „цврсти односи” со Германија и за натамошно зајакнување на трансатлантската соработка.

ДПА, повикувајќи се на соопштението на Белата куќа, уште додава дека двајцата лидери разговарале и за глобалните предизвици, како што се климатските промени и пандемијата на коронавирусот, како и за натрупањето на руските војници на границата со Украина.

Шолц и Бајден веќе имаа онлајн средба во четвртокот за време виртуелниот „Самит за демократија”, што беше организиран од американскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот