Разговарано со инвеститори Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар

Попова Шапка/ Фото: МИА

При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи од Тетово. Според него се разгледувале два пристапи за инвестирање во однос на летен и зимски туризам.

-Едниот пристап Попова Шапка како можност за инвестирање не само во зимскиот туризам, туку и во летен спортски туризам. Беше покренато прашањето за можноста Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар. Исто така,го претставивме и како регионален центар заедно со Косово, да ги претставиме двете страни од планината, бидејќи очигледно големите инвеститори бараат поголеми регионални пазари и можноста регионално да се претставиме е секогаш поатрактивна. Почнуваме со оваа кампања за промовирање на нашите потенцијали и на странски инвестиции и затоа сме тука, за покоординиран пристап, нашите дипломати да се распределуваат низ светот, истакна Бујар Османи,

Градоначалничката Теута Арифи вели дека општината има волја и интерес за соработка со државните институции со оглед на економската и развојна важност на Попова Шапка.

-Се работи за одвоени ингеренции за нас како Општина Тетово. Сепак за граѓаните Попова Шапка е важна не само за туризам туку и за развој на целиот полошки плански регион. Од овој аспект сме во постојана координација со Владата затоа што на сите ни е јасно дека таму е потребна длабока физибилити студија која веќе е направена, исто така и инвестиција од многу поголеми размери која би требало да дојде од меѓународни буџетирања и извори. Од аспект на обврски што ние како општина ги имаме во однос на плански документации и друго, апсолутно сме подготвени да бидеме од голема помош и поддршка. Тоа ни е обврска да го реализираме. Имаме историја на еден детален урбанистички план кој е во една долга меѓусебна комуникација на Министерството за транспорт и врски и Општина Тетово. Се надевам дека во однос на тоа сме побарале да нема одолговлекување во однос на позитивните одговори за да може тој да биде реализиран, истакна Теута Арифи.

Османи и Арифи заедно со економски советници кои ќе бидат задолжени за привлекување инвестиции во странство имаа средба за запознавање на потенцијалите во тетовскиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот