РАЗГАЛЕНИ: Три хороскопски знаци кои важат за мамини синови – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

РАЗГАЛЕНИ: Три хороскопски знаци кои важат за мамини синови

Проверете дали вашето момче е меѓу нив

Според астрологијата, одредени карактеристики на хороскопскиот знак може да бидат различни во зависност од тоа дали претставникот е маж или жена.

Овој забавен хороскоп на шеговит начин открива во кои хороскопски знаци се раѓаат најразгалените мамини синови:

СТРЕЛЕЦ

Тие личат на момци кои не се плашат и не се заморуваат со ситници. Но, тоа е така додека да наидат на реален проблем. Тогаш, чекаат решение од нивната мајка. Затоа, нека не ве чуди ако од нив чуете дека мајка им им помага со домашните обврски или пак ги прави наместо нив.

РАК

Раковите секако важат за емотивци кои нештата ги сфаќаат премногу лично, особено кога се во прашање љубовните односи. Тие не се плашат да покажат дека се ранливи, но она што нема да ви го откријат е дека бараат често утеха во мајчината прегратка.

ЛАВ

За разлика од девојките родени во овој знак, кои рано се осамостојуваат од своите родители, момците се малку поинакви. Нив никогаш нема да ги убедите дека мајка им не е во право и секогаш нејзините совети ќе имаат предност пред оние кои ги добиваат од другите луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close