Разгалената богаташка го разбесне светот: Шетањето е за сиромашни, јас месечно трошам 2.000 евра само за такси

Instagram

Надја Нусејбех (24) во емисијата “Rich Kids Go Skint”, која се прикажува во Велика Британија, ја посетила самохраната мајка Натали Расел (40), која со двајцата синови живее во куќа со две спални соби.

Поентата на емисијата е децата на богатите да поминуваат време кај посиромашните семејства и да извршуваат секојдневни работи, пазарење, поставување маса, миење садови…

Надја живее во луксузниот дел на Лондон и неконтролирано ги троши парите што и ги даваат родителите. За една вечер знае да потроши и до 1.000 фунти. Месечно оваа богата девојка знае да потроши околу 1.500 фунти само за такси, пишува The Sun.

„Можам да си дозволам 1.500 фунти на такси, шетањето е за сиромашни! Трошам 500 фунти во паб или во бар“, вели Надја.

Кога разгалената богаташка дошла во семејството на Натали, доживеала шок.

„Мислам дека ќе се чувствувам виновна само затоа што сум родена во повластено семејство, кое има повеќе можности“, рекла.

И покрај разликите меѓу нејзе и Натали, сепак тие добро се согласувале во рамки на шоуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот