Разбојник заврши во ПС Центар: Со нож одземал 6.000 денари и мобилен телефон во аптека

Македонска полиција/ Фото: Миа

Триесет и осумгодишен маж попладнево извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски по што за кратко време бил приведен од полициски службеници од ПС Центар.

– Полициски службеници од ПС Центар попладнево приведоа маж Ф.Л. (1982) кој околу 16.30 минути извршил разбојништво во аптека на бул. Климент Охридски. Тој со закана со нож од вработената одзел околу 6.000 денари и мобилен телефон. Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и лицето е лишено од слобода, а парите и телефонот се пронајдени, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот