РАЗБИЕНА криминална група во Грција: Заработиле 500.000 евра на ПРОДАЖБА НА БЕБИЊА

Фото: Профимедиа

Полицијата во северна Грција разбила криминална група која продавала бебиња, наведувајќи дека се работи за една од најорганизираните групи во Европа.

Полицијата навела дека 12 лица се уапсени, а 66 биле обвинети.

Шефот на одделението за злосторства на солунската полиција, Антонис Цицис рекол дека се верува дека ова е една од „најголемите и најорганизирани“ групи во Европа.

Според неговите зборови, полицијата влегла во трага на најмалку 22 случаи на продажба на бебиња, 24 продажби на јајце-клетки и десет случаи на плаќање на сурогат мајки помеѓу 2016 и 2019 година.

Цицис наведува дека оваа криминална група „заработила“ најмалку пола милион евра.

Криминалната група, наводно ја предводеле грчки адвокат и акушер. Тие регрутирале сиромашни трудници во Бугарија и им плаќале до 5.000 евра за продажба на своите деца на грчки парови без деца, пренесува АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот