РАЗБИЕНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ВО АВСТРАЛИЈА: Уапсен и „македонскиот Пабло Ескобар“!

Берберот. Боксерот. Бизнисменот… Ова се само некои од професионалците за кои австралиската полиција тврди дека се дел од голема криминална мрежа за илегална продажба, дел од интерконтинентална мрежа поврзана со САД и Колумбија.

Минатиот викенд австралиската полиција спроведе голема операција „Сигнал“ во која се фатени голем број на криминалци како дел од оваа трансконтинентална мрежа за шверц со дрога. Различните професии и земји од каде што потекнуваат ја покажуваат широчината и обемот на оваа осомничена банда.

Целата акција почнала во САД и полициските рации во оваа земја покажале дека се работи за луѓе кои се занимаваат со шверц на дрога и оружје и заработуваат милионски суми.

Тука е и берберот Армин Ебрахими Далеку, Дилан Купер, сопственик на модна куќа, Травис Хартзер, локален фудбалер, Јане Симоноски, сопственик на сала за џакузи, опишан како „македонски Пабло Ескобар”,  обвинет за перење пари.

Западноавстралиската полиција открива дека педесетина други луѓе локално биле поврзани со работата на оваа група обвинета за повеќе од 130 прекршоци.

Неколкумина од уапсените и обвинетите веќе се појавија на суд. Еден од нив беше и Славко Алексиќ.

Во судот обвиненијата се однесуваат на нелегално поседување забранета дрога, поседување на нелиценцирано огнено оружје, незаконски стекнат имот, загрозување на живот, здравје или безбедноста на поединци… Можните казни за оваа банда се од парични казни до доживотен затвор.

Полицијата верува дека водач на оваа група бил 23-годишен државјанин на Австралија, кој пред неколку месеци ја напуштил оваа земја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот