Разбиена криминална група поврзана со продажба на крофни на плажи на Халкидики

Продавач на крофни на плажа во Грција
Продавач на крофни на плажа во Грција / Фото: springtime78 / Alamy / Alamy / Profimedia

Со уцени и закани 39-годишен Грк и неговите соработници принудувале странски државјани да работат за него и да продаваат крофни на 19 плажи на Халкидики, без при тоа да постои дозвола од надлежен орган, а со оружје и физичко насилство се справувале со конкуренцијата.

Грчката полиција разби криминална група во која освен 39-годишниот, учествувале уште 12 други лица, сите грчки државјани на возраст од 17 до 52 години, а се товарат за изнуди, трговија со луѓе и прекршување на неколку закони.

Како што соопштија од грчката полиција, криминалната група за да биде единствена која продаваат на преполните плажи, користеле методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот