РАЗБИЕНА КРИМИНАЛНА БАНДА ВО ЗАГРЕБ: Специјалци пресретнале автомобил и го уапсиле возачот (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиРегион

РАЗБИЕНА КРИМИНАЛНА БАНДА ВО ЗАГРЕБ: Специјалци пресретнале автомобил и го уапсиле возачот (ВИДЕО)

Додека полицијата го приведувала возачот, еден од осомничените кој бил со него во автомобилот се обидел да се ослободи од дрогата која ја имал со себе, па ја исфрлил од автомобилот.

Десетмина специјалци со фантомки во Загреб пресретнале автомобил со марка BMW и од него извлекле еден возач кој потоа го уапсиле, пренесуваат хрватските медиуми.

Додека полицијата го приведувала возачот, еден од осомничените кој бил со него во автомобилот се обидел да се ослободи од дрогата која ја имал со себе, па ја исфрлил од автомобилот.

Кесите со дрога се истуриле по патот.

Фото: Читател на 24сата.хр

Хрватските медиуми пренесуваат дека е во тек голема полициска акција за разбивање на криминални организации.

Во операцијата била вклучена и специјална и интервентна полиција, а покрај во Загреб имало апсења и уште во неколку градови ширум Хрватска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close