Разбиен синџир за шверц на фалсификувани цигари меѓу Словенија и Франција

Шверц на цигари/Фото: МИА

Француските судски власти од Бордо соопштија дека го разбиле синџирот на производство на фалсификувани цигари, произведени во Словенија и продавани во Франција, а станува збор за десетици тони цигари, јави дописникот на МИА од Париз.

„Двајца главни членови на криминалната мрежа се уапсени со европска потерница, едниот во Хрватска, другиот во Словенија”, се вели во соопштението на специјализираната меѓурегионална јурсдикција.

Тие ќе бидат предадени на судските органи од Бордо за да одговорат особено за „увоз на фалсификувани цигари во организирана банда”, дело казниво со десет години затвор и парична казна до 10 пати поголема од вредноста на фалсификуваната стока.

Истражителите утврдија дека цигарите биле доставени со камион до клиенти на големо лоцирани главно во Бордо, Монпеље, Нант и Лимож, со цели палети патрони купени во просек по 13 евра и препродавани за двојно повеќе. Седумдесет и седум тони беа испорачани помеѓу октомври и декември 2020 година.

Трговците на големо беа уапсени во Франција и притоа се запленети пет тони фалсификувани цигари во април 2021 година, пред истрагите да овозможат следење на производствените локации во Словенија. Серија претреси и апсења беа извршени во вторникот во регионот на Марибор во Словенија, притоа единаесет локации беа пребарувани истовремено. Операциите овозможија да се пронајдат неколку производствени локации „сместени во дискретни хангари лоцирани во оддалечените локалитети на Словенија”.

„Во Словенија вкупно се запленети повеќе од 26 тони суров тутун или тутун подготвен за пакување во цигари, како и 29 милиони филтри за нивно производство, неколку машински алати и десет тони амбалажа со фалсификување на брендовите Maрлборо и Mарлб. Овие количини го илустрираат обемот на шверцот на фалсификувани цигари во Европа”, се наведува во соопштението од француските судски власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот