Равенка ги скара луѓето на социјалните мрежи, дали вие можете да ја решите?

twitter

Математичката задача која го измачи интернетот повторно стана вирален хит на Твитер бидејќи корисниците никако не можат да се договорат околу нејзиното решение.

Равенката изгледа едноставна и јасна: 8 ÷ 2 (2 + 2) =?

Нема невообичаени операции или збунувачки бројки, но луѓето сè уште се збунети бидејќи некои тврдат дека решението е 16, а некои дека решението е 1.

Дури и различни калкулатори даваат различни резултати. Меѓутоа, прашањето е поставено на погрешен начин. Според правилата на алгебрата, одговорот треба да биде 16 бидејќи заградите се решаваат најпрво, а делењето и множењето имаат ист приоритет, така што задачата се решава по редослед од лево надесно, пишува „ИФЛ сајенс“.

Меѓутоа, некои тврдат дека равенката нема неколку загради кои би им овозможиле на луѓето да дојдат до правилното решение.

Би можеле да имате (8 ÷ 2) x (2 + 2), што би било еднакво на 16, или можете тоа да го напишете како 8 ÷ [2x (2 + 2)], што би било еднакво на 1. И двете опции сигурно би биле поедноставни, но веројатно тогаш задачата не би станала хит на интернет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот