Раул заслужува да биде тренер на Реал! (ФОТО)

twitter.com/reformacancha

Зинедин Зидан поминува низ еден тежок период во Реал, во својот прв мандат го водеше клубот до три европски титули по ред, но сезонава неговите фудбалери играат лошо и шпанските медиуми шпекулираат нова промена на тренерската клупа.

Францускиот стратег смета дека екс-напаѓачот на шпанскиот гигант заслужува да го преземе „кралскиот клуб”. Раул веќе е тренер и во неговата глава работите ги извршува бавно и смирено.

Поранешната „седумка” на Реал во својата професионална кариерара одигра вкупно 741 меч за клубот од „Бернабеу“, постигнувајќи 323 голови.

– Играв рамо до рамо со Раул. Тој одигра клучна улога во историјата на овој одличен клуб. Сигурен сум дека еден ден ќе стане главен тренер на Реал Мадрид, го цитира „АС”, Зидан, кој зборуваше за 25-годишнината од дебито на Раул во Реал Мадрид.

Инаку, Раул од јуни е тренер на Кастиља (резервниот клуб на Реал), а клубот под негово раководство забележа три победи во 10 натпревари од Сегунда Б – Група 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот