Ратајковски ја одбележа годишнината со емотивно видео на Инстаграм

Суперзгодната манекенка Емили Ратајковски пред две години изненадно се омажи за филмскиот продуцент Себастијан Бер МекКларда, за кој дотогаш не се ни знаеше дека ѝ е момче.

Парот се венчаше во матично, а невестата наместо венчаница носеше жолто одело од Зара, кое стана голем хит.

Манекенката тогаш на Инстаграм објави фотографии од венчавката, а сега годишнината ја прослави со необјавена снимка од моментот кога кажала да и нивниот прв бакнеж.

„Би се омажила за тебе пак и пак….“, напишала Емили под романтичното видео.

Со видеото, Емили објавила и галерија со нови фотографии од венчавката со која на својот сопруг му посакала дека го сака се повеќе и повеќе.

The post Ратајковски ја одбележа годишнината со емотивно видео на Инстаграм appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот