Растурена студентска корона журка во Загреб, 64 лица легитимирани, меѓу нив и болен од ковид

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Припадниците на загрепската полиција спровеле рација во студентско здружение каде затекнале и легитимирале 64 лица, од кои за еден 31-годишен маж е утврдено дека има изречена мерка за лекување од ковид-19 во домашни услови.

Хрватската полиција спроведе рација изминатата ноќ во соработка со Штабот за цивилна заштита во студентското здружение во Гундулиќевата улица во Загреб.

На сите затекнати лица во редовна постапка ќе им бидат издадени прекршочни пријави во склад со одредбите од Законот за заштита на населението од заразни болести, пренесуваат хрватските медиуми.

Лицата не се придржувале кон епидемиолошките мерки за забрана на одржување на јавни настани и собири на кои се присутни повеќе од 25 лица на едно место, а никој од затекнатите лица при влезот на полициските службеници немал на себе заштитна маска.

Против девојка (25) и момче (26), одговорни лица од Здружението на студенти како и против 31-годишник за кој е утврдено дека има изречена мерка за лекување дома од ковид-19, ќе бидат поднесени кривични пријави за кривично дело ширење и пренесување на заразна болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот