Растот на американските залихи ја „нагриза“ цената на нафатта – инвеститорите останаа внимателни

Нафта / Фото: Архива на Слободен печат

Според извештајот на американскиот институт за нафта, залихите на сурова нафта во САД пораснале за 8,4 милиони барели, спротивно на прогнозата на аналитичарите дека тие ќе забележат опаѓање.

Северноморската сурова нафта забележа пад за повеќе од еден процент, на цена од 41 долар за барел, по извештајот за пораст на американските залихи, што пак повторно внесе загриженост меѓу инвеститорите во поглед на понудата и слабата побарувачка поради корона кризата.

Нафтата од типот „Брент“ поевтини за 50 центи или 1,2 отсто, на 40,68 долари за барел, а падна и цената на американската „ВТИ“ нафта, исто така за 50 центи или 1,3 отсто на 38,44 долари за барел, пренесува „Ројтерс“.

Според извештајот на американскиот институт за нафта, залихите на сурова нафта во САД пораснале за 8,4 милиони барели, спротивно на прогнозата на аналитичарите дека тие ќе забележат опаѓање.

Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК и нејзините сојузници заедно со Русија, постигнаа договор за продолжување на рекордното намалување на производството за уште еден месец, односно до крајот на јули.

Ваквата вест поттикна раст на цената, но расположението на пазарите спласна откако Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати одлучија да не продолжат со своето дополнително намалување на испораките.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот