Расте животниот век во Германија

Очекуваниот животен век во Германија и понатаму е во пораст, тој сега изнесува 83,3 години за новородените девојчиња и 78,5 години за момчињата, објави денес Федералниот завод за статистика во Визбаден, град во западна Германија.

Очекуваниот животен век, според статистиката, во споредба со минатата година се зголемил за 0,1 година, што претставува одредено забавување на растот во однос на претходниот период. До 2006 година, очекуваниот животен век во Германија во просек растел за 0,3 години на годишно ниво.

Експертите брзото зголемување на животниот век во Германија го поврзуваат со позитивното влијание на германското обединување врз здравствената заштита на жителите во областа што некогаш припаѓала на источна Германија.

-Подобрената медицинска нега на истокот на земјата, особено кога станува збор за срцев удар или мозочни удари, во минатото позитивно влијаниеше врз динамиката на продолжување на животниот век- изјавил Томас Ламперт од Институтот „Роберт Кох“.

Во Хрватска животниот век изнесува 78 години

Лампер ја наведува зголемената смртност од грип како причина за забавување на животниот век.

-Во последниве години, имаме зголемен број на смртни случаи од грип, за што во јавноста не се говори доволно- заклучи Лампер.

Според податоците од 2017 година, најголем животен век во Европската унија е забележан во Шпанија со 83,4 години, а најнизок во Бугарија со 74,8 години.

Според Европското биро за статистика, очекуваниот животен век во Хрватска изнесува 78 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот