РАСТЕ ЗАГРИЖЕНОСТА ПОРАДИ НОВАТА ОФАНЗИВА ВО СИРИЈА: Може да дојде до раселување на 300.000 луѓе (ВИДЕО)
Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ) предупредува дека турската офанзива во североисточниот дел на Сирија може да предизвика раселување на 300.000 луѓе и да ги загрози активностите на хуманитарните организации.
– ИРЦ е длабоко загрижен поради влијанието на овие настани врз цивилите, вклучително и нашите членови и нивните семејства и дестабилизирачкиот ефект што ќе го има врз населението оптоварено со осумгодишниот судир во Сирија. Голем број од овие луѓе веќе повеќе пати биле раселени и страшно страдаа под бруталната власт на Исламска држава, само за да се соочат со уште една криза – изјави директорката на ИРЦ, Митси Басвел.
Се очекува населението да се упати кон Рака, град разорен во борбите против ИД.
ИРЦ упати апел до турската Влада да ги запре нападите и сите страни да го почитуваат меѓународното право за заштита на цивилите.