Расте вработувањето на млади луѓе во ЕУ, се намалува невработеноста

млади работници

Невработеноста кај младите е намалена во речиси сите земји членки на Европската унија, но и во регионот како Србија, Босна и Херцеговина но и Македонија- покажуваат најновите податоци на Заводот за статистика на ЕУ.

Минатата година е забележана рекордно ниска стапка на невработеност од 6,3 отсто кај младите на возраст од 15 до 29 години, објави Евростат, наведувајќи дека невработеноста на младите во Србија и регионот лани била под 10 отсто.

Минатата година невработени беа 92.000 млади луѓе од нашата земја, а нивниот број постојано се намалува. Една година претходно, во 2021 година, 10 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години биле невработени, додека во 2014 година тој процент бил двојно поголем (17,9) од лани.

Во извештајот на Евростат се забележува дека многу млади луѓе студираат и не бараат активно работа и дека ако се земат предвид само младите кои учествуваат во работната сила, стапката на невработеност кај младите е 11,3 проценти.

На ниво на земјите од ЕУ ова е рекордно ниска невработеност од почетокот на мерењето во 2009 година, соопшти Заводот за статистика на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот