РАСТЕ СТРАВОТ ОД РЕЦЕСИЈА: Германија подготвена да се откаже од буџетските правила

Германската влада е подготвена да се откаже од правилата за избалансиран буџет и да преземе нов долг за да се спротивстави на потенцијалната рецесија, пренесува „Шпигел“.

– Стравувањата за евентуален пад во рецесија на најголемата економија во Европа се зголемуваат, бидејќи падот на германскиот извоз, предизвикан од глобалното економско забавување, царинските конфликти и стравувањата од Брегзит, доведоа до пад од 0,1 отсто на бруто домашниот производ на Германија во вториот квартал – се цитира во текстот.

Германското Министерство за финансии одби да го коментира „Шпигел“.

Германија има избалансиран буџет од 2014 година, фискално правило воведено од поранешниот конзервативен министер за финансии, Волфганг Шојбле, а го почитува и неговиот наследник социјалдемократот Олаф Шолц.

Канцеларката Ангела Меркел во вторникот изјави дека не ја гледа потребата од фискален стимулативен пакет за да се спротивстави на ефектите од забавувањето на домашната економија.

Таа додаде дека нејзината влада останува посветена на високо ниво на јавните инвестиции. Германија со години се соочува со критики од своите партнери во Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, кои го повикуваат Берлин да ги зголеми јавните расходи, што би ја засилило економијата на целата монетарна унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот