„Расте расизмот и ксенофобијата“: Турција ги повика граѓаните да не патуваат во Америка и Европа

Турција издаде предупредување за патување за САД и некои европски земји, укажувајќи на зголемениот број инциденти против странци и расистички напади, како и зголемената верска нетрпеливост.
Протести се одржуваат низ САД откако Тир Николс им подлегна на повредите откако беше претепан од полицијата во Мемфис, Тенеси, се вели во соопштението, пренесе „Анадолија“.
Од друга страна, забележано е дека имало „неодамнешни вербални и физички напади врз странци и расизам низ САД“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Во одвоено соопштение, Министерството рече дека има зголемување на антиисламските, ксенофобични и расистички акции и во некои европски земји, како и „пропагандни демонстрации против Турција на групи поврзани со терористички организации“.
Официјална Анкара ги нарекува „терористички организации“ сите организации и здруженија во земјата и во странство, кои се поврзани со политичките противници на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
„Овие настани, кои ги рефлектираат опасните димензии на верската нетолеранција и омраза во Европа, јасно го откриваат алармантното ниво на расистичките и дискриминаторските движења во Европа“, се додава во соопштението.