Расте продажбата на алкохолни пијалаци во Русија

Во март годинава Русите купувале за 31 отсто повеќе вотка во споредба со истиот период минатата година.

Во Русија последните недели е забележана зголемена продажба на алкохолни пијалоци, најмногу водка, виски и пиво.

Во последната недела од март, продажбата на водка е зголемена за 31 отсто во однос на истиот период минатата година, додека продажбата на виски за 47 отсто, а на пивото за 25 отсто.

Мерките што ги воведе Русија за намалување на ширењето на коронавирусот ќе бидат на сила до 30 април. Поради тоа, некои вработени се на неплатено отсуство, некои се отпуштени или со намалена плата.

Во Москва дозволено е граѓаните да излезат од дома само за да купат храна или лекови во најблиската продавница, заради добивање здравствена услуга, да фрлат ѓубре или да прошетаат куче.

Еден од најголемите трговски синџири „Магнит” соопшти дека овој период двојно ја зголемиле продажбата на алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот