Расте отпорот против Олимписките игри во Токио, дури 83 проценти од Јапонците се против најголемиот спортски настан

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонците веруваат дека доаѓањето на спортистите од целиот свет ќе донесе нови опасности од коронавирусот.

Мнозинството граѓани на Јапонија не поддржуваат Олимписките игри да се одржат ова лето во Токио поради здравствената ситуација и последиците од четвртиот бран на коронавирусот.
Според резултатите од анкетата која ја спроведе дневниот весник „Асахи“, дури 83 проценти од испитаниците се против Игрите од кои 43 проценти бараат мометно откажување на истите, додека 40 проценти сакаат ново одложување за една година.

Зголемувањето на отпорот кај Јапонците против Олимписките игри се должи на зголемиот број на заболени од коронавирусот. Минатиот месец во анкетата на весникот „Асахи“ само 35 проценти од испитаниците беа за откажување на Игрите.
Според друго испитување кое го спроведе агенцијата Кјодо, отпорот е уште поголем, дури 87 проценти од испитаниците се за откажување на Игрите. Најголем дел од Јапонците веруваат дека спортистите кои ќе дојдат од целиот свет само ќе ја прошират заразата на коронавирусот иако од Организацискиот одбор ги уверуваат граѓаните дека сите ќе мора да ги почитуваат строгите здравствени протоколи.

Во случај на откажување на Игрите чиј старт е закажан за 23 јули, тоа ќе биде второ откажување во историјата на модерните Олимписки игри и по втор пат кога Токио е предвиден за град домаќин. Првиот пат тоа се случи 1940 година кога Олимписките игри се откажаа поради Втората светска војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот