13 C
Скопје

Расте нивото на водата во Охридското Езеро

Врнежните од дожд изминатиот период значајно ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион. Нивото на Охридското Езеро постојано расте, така што според денешните мерења се наоѓа на 693.30 метри надморска височина, што е на 20 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри, односно осум сантиметри под просекот за месец јануари.

Температурата на езерската вода измерена утрово е шест степени Целзиусови или еден степен под месечниот просек.

Неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента придонесоа на крајот на ноември нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.

Поврзани вести

ВИДЕО I Силна бура во Хрватска: Илјадници громови удрија во Истра

Слободен печат

Филипините ги враќаат подарените 1000 дози кинески вакцини: Немале одобрение

Слободен печат

Војниците на Беливук откажуваат послушност: Почнаа да откриваат сè за злосторствата на кланот

Слободен печат

Трагедија заради селфи? 20 годишно момче од Војводина се качи на вагон, го убија 25.000 волти

Слободен печат

Русковска: Во „27 април“ нема обвинети, ниту се одговара за дело тероризам

Слободен печат

Лукашенко: Белорусија разви своја „жива“ вакцина против коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар