Расте црниот биланс: Над 3.600 загинати во катастрофалните земјотреси

Фото: Твитер

Најмалку 3.600 луѓе загинале во силните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија, а вкупниот број на повредени сега е поголем од 18.000, врз основа на информации од медиумите и од турските власти.

Најмалку 15.108 луѓе се повредени во Турција, а 3.717 во Сирија. Во Сирија, според последните податоци, загинале 1.073 лица.

Турската Агенција за справување со катастрофи соопшти дека во Турција загинале најмалку 2.316 луѓе.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи седумдневна жалост поради катастрофалниот земјотрес кај Газијантеп, пренесе Анадолија.

Доцна попладнево се појавија видое снимки на социјалните мрежи од сирискиот град Алепо на кои се гледаат згради кои се уриваат како кула од карти, а мајки со деца во прегратка, во паника бегаат.

ВИДЕО: Стравични снимки од Алепо, бебиња се вадат од под урнатините, мајки со деца бегаат додека се уриваат згради

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот