Расте бројот на жртви во рускиот напад врз воената база во близина на Лавов

13,4 отсто од руските граѓани имаат негативен став кон воената инвазија на други земји/EPA-EFE/VITALIY HRABAR

Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на руските сили врз воениот комплекс во близина на Лавов во западна Украина, соопшти гувернерот на областа, Максим Козицки.

Тој претходно рече дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстаречки ракети кон воениот полигон Јаворив. Претходниот биланс беше девет загинати и 57 ранети.

Центарот за воена обука се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска.

Во последните години служел како полигон за обука на украинските сили под надзор на странски инструктори, претежно американски и канадски.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно изјави дека во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот