Расте бројот на жртви во експлозијата во фабрика во Турција (ВИДЕО)

Пожарот беше ставен под контрола неколку часа подоцна.

Најмалку четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени во денешната експлозија во фабриката за пиротехника во северна Турција.

Фабриката се наоѓа во предградието на градот Хендек, во провинцијата Сакарја, изјави гувернерот на Четин, Октај Калдирим за новинската агенција Анадолија.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча, кој отиде на местото на несреќата, рече дека 97 повредени се во болница, од кои само еден човек е во критична состојба.

Локалните власти ги блокираа патиштата до фабриката поради мали експлозии што го отежнуваа обезбедувањето помош и гасењето на пожарот по првата експлозија, чија причина сè уште не е позната.

Пожарот беше ставен под контрола неколку часа подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот