Расте бројот на заразени во Кина, вчера 42 денеска 47

Кингдао, Шандонг, Кина / 12 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Во Кина на 28 октомври се потврдени нови 47 случаи на ковид-19, што е најголем број во повеќе од два месеци, извести во четвртокот националното здравствено тело на таа земја.

Од новите случаи, 23 биле локални инфекции во Џинјианг, кои вклучуваа претходни асимптоматски пациенти по масовните инфекции забележани во Кашгар, додека останатите се т.н. увозни инфекции со потекло од странство.

Зголемувањето на бројот на потврдени инфекции од ковид-19 е најголемо од 9 август, кога се забележани 49 случаи, но тоа е значително помалку од она што го имаше во Кина во екот на епидемијата во февруари.

Вкупниот број на потврдени случаи од ковид-19 во Кина сега е 85.915, додека бројот на починати остана непроменет, 4634.

Најголем дневен пораст на случаи во Кина – со 42 заразени се кренаа на нозе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот